Мбапе двоен стрелец, Реал минимално подобар од третолигашот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид успешно го започна настапот во Купот на кралот и без премногу напор обезбеди пласман во осминафиналето, откако на гостувањето кај Талавера славеше со 2-3 и ја оправда фаворитската улога.

Иако противникот доаѓаше од понизок ранг, Чаби Алонсо излезе со силен и респектабилен состав, давајќи им шанса и на неколку стандарни првотимци. Посебно внимание привлече настапот на Килиан Мбапе, кој го одигра целиот натпревар и беше еден од најзабележливите поединци на теренот. Од првата минута започнаа и Хуијсен и Ѓулер, додека во вториот дел во игра влегоа Белингем, Родриго и Чуамени.

Домашниот тим пружи солиден отпор во поголемиот дел од првото полувреме, но Реал ја зголеми брзината во самиот финиш. Во 41. минута Мбапе беше сигурен од белата точка и го отвори резултатот, а во судиското надополнување Фарандо несреќно ја погоди сопствената мрежа за 0-2.

Во продолжението Талавера се обиде да се врати во натпреварот и во завршницата успеа да постигне почесен погодок преку Аројо. Сепак, сите дилеми ги реши повторно Мбапе со гол во 88. минута за 1-3. Возбудувањата не завршија тука, бидејќи домаќинот до крајот уште еднаш ја затресе мрежата, овојпат преку Ди Ренцо, со што го ублажи поразот.

Во друг натпревар од Купот на кралот, Алавес на домашен терен успеа да ја елиминира Севиља, славејќи со 1-0, а решавачкиот погодок го постигна Висенте од пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×