165
Вардар го обезбеди
потписот на големиот македонски талент, 23 годишниот репрезентативец Висар
Муслиу минатиот летен преоден рок, потпишувајќи тригодишен договор со него, но
како аматер, што му отвора можност тој да си замине кога ќе посака.
„СПОРТ1“ пренесува дека
една од опциите на Муслиу е унгарска Академија Пушкаш, а интерес пријавува и
кипарска Омонија.
Ситуацијата наводно сака
да ја искористи македонскиот вицепрвак, тетовска Шкендија која сезонава е во
најдобра позиција да ја освои титулата во нашиот домашен шампионат.
Извор:sport1.mk