Реал Мадрид има само една победа на последните пет кола во Ла Лига и во овој момент заостанува четири бода зад Барселона која е лидер на табелата.
Во ваква ситуација се најавува дека шпанскиот стратег е блиску до отказ, меѓутоа Алонсо има и големи проблеми со отсуствата на негови фудбалери.
Како што стојат работите за неделниот нтпревар против Алвес, Алонсо нема да може да смета на дури 11 фудбалери, осум се надвор од конкуренција поради повреда, додека тројца имаат суспензии.
Кога во прашање е одбраната, тука на располагање го има само Рудигер кој и не прикажа некое добро издание против Манчестер сити.
Со повреда се мачи и Килијан Мбапе кој сезонава во првенството пстигна половина од головите на „кралевите“, па нема дилеми дека Алонсо ќе има проблеми да го избере тимот.