Анчелоти ќе продолжи со Бразил до 2030 и ќе биде најплатениот селектор

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Карло Анчелоти и Бразил си подале рака за продолжување на соработката до 2030 година, Италијанецот ќе биде најплатениот селектор во светот.

На средината од мај, Карло Анчелоти беше именува за нов предводник на „кериоките“ и доби доверба да ги предводи на мундијалот во САД.

Италијанецот веднаш импресионирал со тоа како ги поставил работите и носење тешки одлуки како онаа за изоставање на Нејмар од тимот, па лидерите на Фудбалската федерација на Бразил веднаш почнале преговори за нов договор.

Како што пренесува АС, двете страни си подале рака за соработка до 2030 година според која Карло Анчелоти ќе биде најплатениот селектор во светот.

Сега останува само формално да се стави потпис на документите и да пристигне официјалното соопштение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×