Арне Слот откри дали Салах ќе игра против Брајтон

by bojan
1 минути читање
Салах нов договор

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот вели дека денеска ќе седне на разговор со Мохамед Салах и исходот од средбата ќе одреди како ќе продолжат.

Мохамед Салах беше изоставен од тимот на Ливерпул за пресметката против Интер во Лигата на шампиони, напаѓачот беше казнет поради експлозивното интервју кое го даде во саботата кога се пожали дека бил пуштен низ вода и посочен како главниот виновник за лошите резултати на „црвените“.

Ливерпул утре игра со Брајтон, што може да биде последен натпревар за Мохамед Салах на „Енфилд“, па на денешната средба со новинарите, Арне Слот доби еден куп прашања на оваа тема.

„Ќе седнам да поразговараме со Мо и од тој разговор ќе зависи како ќе продолжиме“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Ми треба да седнам лице во лице со него, и следниот пат кога ќе зборувам за Мо, тоа треба да биде со него, а не овде“.

„Нема многу повеќе што можам да кажам, денеска ќе разговарам со него и исходот ќе одреди како ќе стојат работите утре“.

„Можете да прашувате на различни начини, но кажав – следниот пат кога ќе зборувам за него, тоа треба да биде со него. Последнава недела имаше многу разговори помеѓу неговите луѓе и нашите“.

„Извинување? Обично би рекол дека ги потрошивте трите прашања…“

Запрашан дали сака Мо Салах да остане: „Немам причина да не сакам Салах да остане“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×