Денеска се одлучува иднината на Салах, многу работи ќе бидат појасни

by riste
1 минути читање

Според англиските медиуми, за денеска е закажан состанок меѓу Мохамед Салах и Арне Слот по кој ќе се знае иднината на египетскиот фудбалер.

По изјавата која предизвика многу реакции, Салах беше изоставен од тимот на Ливерпул за патувањето во Милано кај Интер.

Пред мечот во Италија, Слот призна дека не разговарал со Салах по неговата изјава, имале само еден контакт кога му кажал дека нема да патува во Италија.

Ливерпул утре е домаќин на Брајтон, а дали Салах ќе биде дел од него ќе се знае по денешниот разговор меѓу фудбалерот и тренерот.

Ова ќе биде и последен меч пред Салах да замине со репрезентацијата на Египет со која ќе учествува на Африканскиот куп на нации.

Од денешните разговори би требало да се знае и дали Салах ќе се врати по натпреварувањето во Африка или ќе биде ставен на продажба и ќе замине во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×