Од враќањето на реновираниот стадион, тимот на Ханси Флик пред домашната публика оствари четири триумфи – против Алавес, Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт.
Но покрај максималниот учинок дома, Барселона испиша и историја. На последните четири натпревари во сите конкуренции, каталонците победија по пресврт.
Ова е првпат во историјата клубот да врзе четири последователни победи со пресврт и тоа во период од само десет дена.
На тоа треба да се додаде и дека Барселона во овој период од „минус пет“ во однос на Реал Мадрид дојде до „плус четири“.
Викендов Барса ја пречекува Осасуна и тоа ќе биде натпевар во кој Барселона ќе се обиде да дојде до петтиот трумф во низа на „Камп Ноу“.