Екипата на Ванкувер продолжува да гради силен проект и покрај разочарувањето од финалето на МЛС лигата. Клубот и Томас Милер договорија продолжување на договорот и ќе остане во тимот уште една сезона. Ветеранот има 36 години но неговото влијание беше огромно откако летово пристигна од Баерн Минхен каде ја мина целата своја кариера.
Ванкувер беше поразен во финалето од Интер Мајами но брзо реагираше и го задржа Германецот кој веднаш стана важна алка во тимот. Од неговото пристигнување одигра седум натпревари во МЛС и постигна седум голови што е импресивен учинок за играч што првпат се соочува со северноамериканскиот фудбал.
Клубот верува дека присуството на Милер ќе биде клучно и во следната сезона. Искусниот офанзивец не само што носи голови туку и огромно искуство што е од витално значење за играчите околу него. Раководството на Ванкувер очекува ова продолжување на договорот да донесе дополнителна стабилност и континуитет во обидот да се направи чекор повеќе и конечно да се стигне до титулата.