15
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски повторно е во центарот на вниманието во Шкотска, овој пат како дел од идеалниот состав на 16. коло во шкотската Премиер лига.
Нашиот голгетер имаше импресивно издание на гостувањето кај Килмарнок и беше главниот фактор во убедливиот триумф од 0-3 кој го славеше неговиот Ренџерс.
Миовски ја отвори приказната на „Рагби Парк“ со два прецизни удари во мрежата на домаќинот и му го олесни патот на тимот до шестиот сезонски успех што значеше и скок до четвртото место на табелата.
Во најдобрите единаесет на колото, покрај македонскиот голгетер, се најдоа уште и Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.