258
Во ресторан во Белград во саботата околу 21 часот бил изрешетан навивач на Партизан, Немања Крстиќ, од страна на едно лице, објавија српските медиуми.
Тој итно бил пренесен во Ургентниот центар каде веднаш била извршена операција, се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Навивачот на Партизан бил застрелан со осум куршуми од кои три завршиле во стомакот.
Според „Телеграф“, мета на бруталниот напад и крвава пресметка од поздемјето, бил поранешниот водач на навивачите на Партизан, Ненад Алајбеговиќ Алибег кој успеал да побегне од ресторанот.
Напаѓачот бил маскиран, се доближил до масата каде што тие седеле, извадил пиштол и почнал да пука.
Видеото од пукањето може да го видите на овој ЛИНК.