Нејмар со повредено колено го водеше Сантос до опстанок!

by 24 фудбал
1 минути читање

Сантос синоќа го запечати спасот во бразилската Серија А со победа над Крузеиро. Тимот остана во елитата иако долго време беше во опасната зона, а голем дел од заслугата оди кај Нејмар кој во последните кола потсети на своите најдобри денови и одигра неколку врвни натпревари.

Но веднаш по остварувањето на целта пристигнаа и лоши вести. Ѕвездата на Сантос откри дека за неколку дена ќе мора да замине на операција на коленото. Целта е да успее да се рехабилитира навреме за Светското првенство и да остане во кругот на кандидати за финалниот список.

Ова беа тешки недели за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа. Да не беа тие, немаше да можам ниту да ги играм сите овие натпревари поради повреди. Сега ќе одморам малку, а потоа ќе морам да го оперирам коленото“, изјави Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×