64
Барселона заврши значајна работа пред продолжението на сезоната. Каталонскиот гигант успеа да се договори со Ерик Гарсија и да го продолжи неговиот договор на уште пет години, па шпанскиот стопер ќе остане на „Ноу Камп“ најмалку до 2031 година.
Клубот потврди дека официјалното потпишување ќе се одржи во четврток, по што ќе следи и прес конференција на која Гарсија ќе се обрати пред медиумите.
Дефанзивецот е дете на славната академија „Ла Масија“, од каде што како тинејџер замина во Манчестер Сити. По престојот во Премиер лигата се врати во Барселона, а сега со новиот договор клубот јасно покажува дека смета на него во долгорочните планови.