Само Комо за Фабрегас во Серија А: Стратегот размислува за два клуба, едниот е изненадување

by bojan
1 минути читање
Фабрегас

Медиумите од Италија пренесуваат дека Сеск Фабрегас нема намера да тренира друг клуб во Калчото освен Комо, а кога ќе дојде време да замине, главни желби ќе му бидат Барселона и Манчестер Сити.

Минатото лето, кога Интер требаше да го замени Симоне Инзаги, „нероаѕурите“ тропнаа на вратата на Сеск Фабрегас.

Шпанецот беше привлечен од идејата, но богатите газди на Комо не помислуваа да дадат зелено светло за една ваква зделка.

Па Сеск Фабрегас остана на северто од Италија и доби огромен трансфер буџет за да направи уште посилен тим.

Како што пренесува Кориере дела Села, врската помеѓу Сеск Фабрегас и Комо станала толку силна што стратегот нема намера да биде тренер на друг клуб во Серија А.

А кога ќе дојде време да замине, главни желби ќе му бидат клупите на Барселона и Манчестер Сити.

Првата не е никакво изненадување, Сеск Фабрегас е дете на „каталонците“, но втората е малку необична со оглед на тоа дека Шпанецот е легенда на Арсенал, а дел од кариерата ја помина во Челси, како фудбалер нема никакви врски со „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×