Реал Мадрид попладнево соопшти дека Трент Александер Арнолд го повредил предниот бутен мускул, како што пренесуваат медиумите, десниот бек ќе паузира и до два месеци.
Трент Александер Арнолд на „Сан Мамеш“ го одигра најдобриот натпревар по трансферот во Реал Мадрид, но доживеа и нов пех.
Денешните тестови покажаа дека десниот бек го повредил предниот бутен мускул и неговото опоравување ќе биде мониторирано во следниот период.
Но како што пренесува АС, повредата е од сериозен карактер и популарниот ТАА ќе паузира околу два месеци.
Тој ќе ги пропушти преостанатите три натпревари во Лигата на шампиони против Манчестер Сити, Монако и Бенфика, како и полуфиналето против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија (и евентуалното финале), како и пресметките против Селта, Алавeс, Севиља, Бетис, Леванте и Виљареал во Ла Лига.