Несторовски: Поради семејството ја одбив Црвена Звезда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно со успех настапува во хрватскиот фудбал, овојпат за Славен Белупо.

Во својата кариера тој играше и во Серија А, а во интервју за „Моцарт Спорт“ откри повеќе интересни детали. Тој зборуваше колку е тешко да се пробиеш како Македонец во Европа, како и интересна понуда која ја добил од Балканот.

Многу е тешко, особено ако доаѓате од земја како Македонија која не е членка на Европската унија. Кога одите во странство, мора да сте подобри од останатите, да работите повеќе. За Победа дебитирав на 16 години, следната година играв квалификации за ЛШ и потоа бев капитен. Не знаете колку е тешко да се исплива од мала средина на која никој не ѝ обрнува внимание. Денес и тоа е полесно, треба само добра статистика, ама не беше така. Кога си одев од Палермо сакав да останам во Серија А и Италија поради семејството, децата и животот кој ни беше убав. Поради тоа не сакав да се вратам на Балканот. Имав преговори со Црвена Звезда, ама го одбив поради семејството“, откри прилепчанецот.

Оваа сезона Несторовски на 12 натпревари во хрватскиот шампионат има четири погодоци и три асистенции за Славен Белупо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×