Македонскиот голман, Столе Димитриевски ќе брани на утрешниот (четврток) натпревар против Картагена во Купот на Шпанија, ова го соопшти тренерот Карлос Корберан.
Димитриевски креираше вистинска бура во Валенсија со неговата изјава дадена во Македонија, па нејасно беше дали Македонецот повторно ќе застане меѓу стативите во овој шпански тим.
Но, недоразибрањата се надминати и нашиот голман ќе биде стартер во купот.
„Димитриевски ќе биде стартер. Проблемот е веќе минато, тој се извини и призна дека згрешил со изјавата. Заврши ситуацијата со парична казна, нема да добие никаква спортска санкција. Договорот важи, Столе е нашиот прв голман во Купот на кралот“, изјави Корберан.
„Димитриевски ќе стартува. Проблемот е минато, тој призна дека погрешил со изјавата и се извини. Ситуацијата е завршена со парична казна, нема да има никаква спортска санкција. Договорот важи, Столе е нашиот прв голман во Купот на кралот“, рече Корберан.