Екс-репрезентативец на Англија уапсен на аеродром, обвинет е за силување

by 24 фудбал
1 минути читање

Англиските медиуми објавија сериозна вест поврзана со поранешен репрезентативец на Англија кој бил уапсен поради сомнение за обид за силување. Инцидентот се случил на аеродромот „Стенстед“, каде што екс-играчот бил приведен од граничната полиција непосредно пред да се качи на лет, пренесува „Сан“.

Името на осомничениот не се открива поради правни ограничувања, но е познато дека станува збор за фудбалер кој во минатата деценија го носел дресот на Гордиот Албион.

Маж е уапсен поради сомнение за обид за силување и пуштен е под кауција до крајот на февруари 2026 година додека продолжува истрагата“, изјави портпаролот на полицијата во Есекс.

Наводно, граничните служби го запреле на пасошката контрола откако системот покажал дека е бараn во врска со неодамнешна пријава за обид за силување. Истрагата продолжува, а повеќе детали засега не се откриваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×