Елеганција од гол на Барди за Коњаспор! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Енис Барди имаше запазена улога во Купот на Турција и со гол придонесе Коњаспор убедливо да слави на гостувањето кај Муспор со 1-4. Македонскиот репрезентативец го отвори патот кон победата со прецизен удар во првиот дел од натпреварот.

Барди одлично се вклучи во акцијата, доби навремена топка во шеснаесетникот и сигурно ја испрати во мрежата, по што отпорот на домашниот тим почна да паѓа. Коња во продолжение ја презеде контролата и со три гола во второто полувреме го осигура пласманот во следната фаза од купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×