Скандал во Англија: Уапсен поранешен репрезентативец

by riste
1 минути читање

Медиумите од Островото пишуваа дека е уапсен поранешен репрезентативец на Англија поради обид за силување.

Засега името на фудбалерот не се открива, но се наведува дека во изминатата деценија бил репрезентативец на Англија.

Според „Сан“ тој бил приведен на аеродромот „Станстед“. Во текстот се наведува дека неговото име не може да биде откриено од правни причини.

„Маж е уапсен поради соменвање за обид за силување и пуштен со кауција до крајот на февруари 2026 година додека трае истрагата“, соопшти портпаролот на полицијата Есекс.

Наводно фудбалерот бил запрен од граничната полиција на контролниот пункт за пасоши пред да се качи на планираниот лет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×