Елмас го импресионираше Кочаман, турски репрезентативец отпаѓа од плановите на Фенербахче поради талентираниот Македонец!

by
2 минути читање

18 годишниот македонски
интернационалец од редовите на турскиот гигант Фенербахче, Елиф Елмас и
дефинитивно ќе биде дел од Суперлигашот во вториот дел од сезоната.

Ние имаме можност и
опција да регистрираме само 14 странски фудбалери на списокот, Елиф ќе биде дел
од таа листа
“ потврди за тамошните медиуми, стратегот од клупата на Фенербахче,
Ајкут Кочаман.

Според информациите кои
ги пренесува „
Sporx, се вели дека Елмас импресионира на тренинг кампот во
Белек, каде црно-жолтите се подготвуваат моментално, а во сенка е 22 годишниот
фудбалер од средниот ред, Озан Туфан, кој има и 31 настап за сениорскиот состав
на Турција.

Македонскиот лав се бори за место во тимот: Елмас го импресионирал Кочаман на тренинг меч во Белек!

Истиот медиум наведува
дека Елмас ќе го заземе местото на Туфан кој со девет настапи и три погодоци во
првиот дел од сезоната беше еден од стандардните членови во составот на
Кочаман.

 

Извор: sporx.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани