Хрватскиот „бисер“ на радарот на Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Вушковиќ со одличните партии во Хамбургер целосно го привлече вниманието на европските гиганти. Тотнем го купи од Хајдук за 11 милиони евра и веднаш го испрати на позајмица во Бундеслигата, а младиот стопер веднаш покажа дека се работи за голем талент.

Германските медиуми пренесуваат дека Барселона веќе се распрашува за Вушковиќ. „Хамбургер Моргенпост“ објави:

Речиси сите големи европски клубови се распрашуваат за супертинајџерот. Особено Барселона, која дефинитивно сака да ја засили одбраната за следната сезона, сериозно го разгледува Вушковиќ. Иако раководството на клубот бара играч кој игра со лева нога, Хрватот и понатаму е на нивниот радар во случај Тотенхем да е подготвен за преговори“.

Хамбургер сака да го задржи и следната сезона, а се споменува и Борусија Дортмунд. Сепак, конечната одлука е во рацете на Тотнем.

Во германскиот клуб постои загриженост дека лондонците би можеле порано да го вратат поради проблеми со сопствениот стоперски состав, но медиумите нагласуваат дека тоа е реално само ако во тимот настанат поголеми проблеми со повреди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×