Карло Анчелоти откри нешто што веројатно цел свет го знаеше

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, откри дека младиот офанзивец на Челси, Естевaо, ќе биде дел од бразилскиот национален тим на Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Осумнаесетгодишниот фудбалер летово пристигна во Лондон од Палмеирас за 29 милиони фунти и веќе остави силен впечаток со 18 настапи и пет постигнати голови.

Анчелоти во изјава истакна дека, според формата која Естевaо ја прикажал во последните шест месеци, е убеден дека ќе настапи на Мундијалот, дека станува збор за многу посебен играч кој е природно талентиран и дека единственото што му преостанува е да обезбеди континуитет. Dополнително нагласи дека е задоволен од неговиот напредок во Челси, дека иако не разговарал со луѓето од клубот е сигурен оти работат со специфичен план за него и дека бразилската репрезентација мора да го искористи овој голем талент.

Мислам дека Естевaо ќе игра за Бразил на СП 2026. На основа на тоа како Естевaо играше во последните шест месеци, мислам дека ќе настапи на Мундијалот. Естевaо ќе игра на СП. Тој е многу, многу посебен играч. Тој е целосно поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да пружи континуитет. Естевaо многу добро напредува во Челси. Не разговарав со претставниците на Челси, но сум сигурен дека работат посебен програм со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, откри Анчелоти.

Естевaо за А селекцијата дебитираше во 2024 година и досега има одиграно 11 натпревари со пет гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×