Лудило во Бразил: Пола милион луѓе излегоа на улиците да ја слават титулата на Фламенго (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Рио де Жанеиро вчера беше обоен во црвено-црни бои. Фудбалерите на Фламенго се вратија во Бразил од перуанска Лима, каде што ја освоија Копа Либертадорес, а дочекот што им го приредија навивачите беше вистински спектакл.

Како што секогаш е вообичаено грачите се возеа низ градот со автобус без кров, а навивачката еуфорија најдобро покажa колку им значи четвртата титула од ова престижно натпреварување, со која Фламенго стана најуспешниот бразилски клуб на елитната сцена на јужноамериканскиот фудбал.

Автобусот со шампионите се движеше по рутата од улицата Примеи́ро де Марсо до крстосницата меѓу авенијата Антонио Карлос и улицата Араухо Порто Алегре.

Каква била еуфоријата доволно говори и податокот што го објавија градските власти. Имено, на делница долга само 850 метри се собрале околу половина милион луѓе.

Фудбалерите на Фламенго гордо им го покажуваа трофејот на своите навивачи, освоен по победата над лутиот ривал Палмеирас со 1-0 во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×