243
Навивачката група Комити повторно ја покажа својата сила и масовност на дербито меѓу Вардар и Шкупи во рамките на петнаесеттото коло од ПМФЛ. Трибините на Арената Тоше Проески беа одлично исполнети, а црвено црната навивачка армија приреди вистински спектакл.
Како што беше најавено, Комити подготвија голема кореографија која се појави пред крајот на првото полувреме.
Платната се простираа не само на нивниот сектор туку и на делот резервиран за обичната публика, со што сцената доби дополнителна тежина и изглед.