Тотнем продолжува да тоне во Премиер лигата и позицијата на Томас Франк е сериозно разнишана. Тимот вчера загуби со 1-2 од Фулам на „Тотнем Хотспур стадион“, што беше трет пораз по ред во лондонските дербија по поразите од Челси и Арсенал.
Франк има само две победи на последните девет натпревари во сите натпреварувања. Во Премиер лигата Тотнем нема триумф повеќе од два месеца, последен пат славеше на 26 октомври против Евертон со 3-0. Потоа како домаќин во Лигата на шампионите го победи Копенхаген и тоа е сè што успеа во последните десет мечеви.
Тотенхем има разочарувачки домашен скор и освои само пет од можните 21 бода. По победата над Барнли на отворањето, веќе не славеше пред своите навивачи, а на истиот терен триумфираа Борнмут, Астон Вила и Челси. Тимот изгледа подобро на гости и таму ги победи Сити, Вест Хем, Лидс и Евертон.