Бабунски: Да продолжиме да победуваме и годината да ја завршиме најдобро!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар ќе го дочекаат Шкупи во средба од 15. коло на ПМФЛ. Во пресрет на натпреварот на поранешните шампиони на Македонија своите очекувања ги сподели еден од лидерите на „црвено-црните“ на теренот, Давид Бабунски.

Сакаме да ја продолжиме низата на победи и да ја завршиме годината на најдобар можен начин. Целта е јасна и оваа сезона. Сепак, иако сме на добар пат, има уште доста да се игра до крајот на сезоната. Свесни сме дека сите екипи кои играат против имаат голема мотивација против Вардар. Затоа за нас секој меч е ист што се однесува со желбата, мотивацијата, концентрацијата и нивото на борбеност, без разлика на противникот. Велам, нас не ни менува дали е тоа Шкупи или некој друг. Ние се подготвуваме за секој меч идентично. Секој меч за нас значи само едно, освојување на три бода“, изјави Бабунски.

Натпреварот меѓу Вардар и Шкупи ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија во терминот од 13:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×