Вардар апсолутен фаворит пред дербито на градот, Струга домаќин на Башкими

by 24 фудбал
1 минути читање

Продолжуваат возбудувањата од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, а во неделните термини се играат две средби.

Првата почнува во 12:30 часот на „Градскиот стадион“ во Струга, а таму домашната екипа го дочекува Башкими. Како голем фаворит една од екипите кои се борат за титулата ќе влезе во средбата против ривалот кој е во мала криза. Сепак, стружани мора да бидат на врвно ниво за да го победат незгодниот гостин.

Во Скопје се игра градско дерби, но без ист сјај како низ годините. Лидерот и единствен непоразен во лигата Вардар го дочекува „фенерџијата“ Шкупи кој веќе е прежален и има само еден бод. Секогаш градските пресметки имаат сјај, без разлика на состојбата на екипите. Вардар со сигурност е апсолутен фаворит, а „Комити“ најавија масовност, кореографија и одлична атмосфера на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Оваа средба се игра половина час подоцна, односно од 13:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×