Ристовски одигра импресивни 90 минути за Спортинг, убедлива победа на неговиот тим

by
0 минути читање

Стефан Ристовски одигра одлични 90 минути за Спортинг Лисабон, доби шанса пред Пичини и максимално ја искористи.

Македонецот уште еднаш покажа каков играч е и повторно ги освои симпатиите на навивачите на Спортинг.

По натпреварот најголемите пофалби од навивачите на Спортинг Лисабон на социјалните мрежи пристигнуваа на адреса на Стефан Ристовски.

Баст Дост постигна хет-трик, по еден гол дадоа Руиз и Акуна. Спортинг Лисабон освои три значајни бода во битката за титулата која ја води со Порто и Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани