Екиптата на Манчесте сити со гол во судиското продолжение успеа да дојде до победа од 3-2, над Лидс, а херојот беше Фил Фоден.
Не изгледаше дека „граѓаните“ ќе имаат проблеми кога уште во првата минута Фоден постигна гол за 1-0. Се играше 25. минута од дуелот кога Јошко Гвардиол стрелаше за 2-0. Имаа домаќините и уште некоја прилика до крајот на првиот дел, но сепак останаа со предност до 2-0.
Сликата на теренот во второто полувреме комплетно се промени, како да истрчаа два различни тима.
Калверт Луин во 49. минута намали на 2-1, а потоа во 68-та Лидс доби пенал. Донарума го одбрани нееговиот удар од одбиената топка напаѓачот ја смести топката во мрежата.
Лидс можеше и до комплетен пресврт бидејќи „граѓаните“ беа во подредена улога, а кога не ги искористија своите шанси стигна казната во 91. минута кога Фоден во една соло акција го постигна вториот гол на натпреварот.
Драма имаше и на дуелот помеѓу Сандерленд и Бормут каде што гостите водеа со 2-0, но домашниот остав успеа да направи пресврт и да слави со 3-2.
На преостанатиот натпревар Брентфорд славеше над Барнли со 3-1.