Eден од најслабите тимови во досегашниот дел од сезоната во Бундеслигата, Сент Паули беше блиску до големо изненадување, но Баерн Минхен сепак дојде до победа со два гола во последните моменти од средбата.
Гостите одлично започнаа и по само шест минути игра Хунтоџи го отвори резултатот. Не беше фаворитот во овој дуел на препознатливото ниво, иако имаше теренсска ницјатива и поголем посед на топката.
Израмнувањето стигна во звршницата од првиот дел кога Гереро ја погоди мрежата на гостинскиот состав.
Во второто полувреме гледавме слична слика на теренот, Баерн доминираше во поседот на топка,меѓутоа немаше посериозни прилики за гол. Сепак избраниците на Компани дојдоа до трите бода со погодоците на Дијаз и Џексон во 93. и 97. минута.
На останатите три средби Хофенхајм го доби Аугусбург со 3-0, Хајденхајм со 2-1 славеше на гости кај Унион Берлин, додека Вердер и Келн ремизираа 1-1.