Скандалот во Синѓилиќ сите го видоа, а Шкендија Арачиново вели: Нема никакви докази (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонијаа денеска ја казни Шкендија Арачиново со четири домашни натпевари без навивачи и парична казна од 4.000 евра за инцидентот со Брегалница.

Во тој натпревар од 13. коло еден од редарите покрај теренот шутна фудбалер на Брегалница по завршувањето на првото полувреме и инцидентот беше снмен од ТВ камерата.

Сепак, од тимот од Арачинново со соопштението се обидуваат да објаснат дека немало нарушување на редот.

„Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново ја информира јавноста дека, Дисциплинската комисија при ФФМ ни изрече казна за играње на четири натпревари без присуство на публика, почнувајќи од утрешниот натпревар.

Клубот ја смета оваа одлука за неправедна, бидејќи во ниту еден момент немало докази за нарушување на редот или несоодветно однесување, што би оправдало таква мерка.

Сепак, ќе бидат следени сите институционални канали за целосно испитување на ова прашање, останувајќи посветени на фер-плејот и правилата на натпреварувањето. Ги повикуваме нашите навивачи на разбирање и поддршка од далечина“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×