ФФМ ја казни Шкендија Арачиново за скандалот во натпреварот со Брегалница!

by Стефан
1 минути читање

Денеска Дициплинската комиссија на Фудбалската федерација на Македонија ја донесе одлуката за казна за Шкендија Арачиново за инцидентот во натпреварот со Брегалница кога редар шутна фудбалер на штипскиот тим.

Тимот од Арачиново доби забрана за присуство на навивачи на четири домашни натпревари, но исто така ќе мора да плати и 4.000 евра. Казна има и за комесарот за безбедност на Шкендија Арачиново, Исуфи Авдираман кој нема да може да извршува функција во фудбналот една година.

Покрај казната за овој натпревар на седницата беа сооштени и суспензиите за уште неколку фудбалери за постапки на последните натпреевари.

– Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.

– Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.

– Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.

– Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.

– Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана на настап на два натпревари.

– Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана на настап два натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×