Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта му одговори на својот колега Флорентино Перез и порача дека Реал Мадрид е тој што добива услуги од судиите, за пример го даде мечот против Елче во последното коло.
Флорентино Перез говорејќи на генералното собрание, жестоко распали по Барселона, Ла Лига и претседателот Хавиер Тебас, УЕФА и судиите.
Претседателот на Реал Мадрид ја „рендаше“ Барселона за случајот „Негреира“ и тоа што биле исплатени 8 милиони евра на потпретседателот на судиите.
Сега стигна одговорот од Жоан Лапорта, кој на својот колега му порача дека Реал Мадрид е тој што добива услуги од судиите, а тоа било потврдено и на последното коло и натпреварот против Елче.
„Мислам дека коментарите не беа на место. Ми се чини дека тие се приморани да зборуваат за Барса за да оправдаат кој знае што“ – вели Жоан Лапорта.
„Барселона никогаш не поткупила судија, а и судиите не ја фаворизираат Барса“.
„Кога веќе сме на оваа тема, Реал Мадрид е тој што добива услуги од судиите. Во последното коло, постигнаа два погодока, кои според мене, Белингем играше со рака и полесно ја смири топката, а Винисиус му го скрши носот на Ињаки“.
„Овие два гола не требаше да важат, и Барселона денеска ќе беше на лидерското место“.