Македонски навивач отиде да го гледа Ренџерс и си ќари дрес од Миовски! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Фудбалскиот фанатик, Љубомир Димовски на кому му е хоби да посетува натпревари, синоќа беше присутен на мечот меѓу Ренџерс и Брага од Лига Европа кој заврши 1-1.

По натпреварот преку социјалните мрежи тој ја сподели атмосферата од мечот, слика со Миовски, но и слика од дрес кој го добил од македонскиот репрезентативец.

Љубомир Димовски постојано патува на натпревари, досега има отидено на 211 меча, посетил 80 различни стадиони во 32 различни земји. Секоја му чест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×