Војчех Шчесни откри дека е љубител на добра храна па во Барселона го соборил рекордот кога е во прашање процентот на телесни масти.
Полскиот голман е човек кој отворено говори за многу работи, па во интервју со „GQ“, не се срамеше да каже дека една од работите што му пречат во животот како фудбалер е тоа што не може да јаде што сака и колку сака.
„На фудбалерите не им е дозволено да имаат вишок килограми, дури и во договорите има сериозни финансиски казни за тие што ќе претераат“ – вели Војчех Шчесни.
„Обожавам да јадам, и иако некако успевам да останам во дозволената граница, во Барселона го соборив рекордот за процент на телесни масти“.
Тој потоа откри една интересна приказна од репрезентацијата на Полска.
„Еднаш, Леви ме исмеваше во соблекувалната, „Како може Шчесни да има таква кариера со вакво тело?““
„Никогаш не сум бил фудбалер кој тренира повеќе и понапорно од другите, но успеав да го одржам истото високо ниво во текот на 18 години“.
„Можеби никогаш не бев перфектна 10-ка, но никогаш не паднав под осум. Таа стабилност ми дозволи да изградам долга и успешна кариера“.
ФОТО: X/FC Barcelona