Официјално: Роналдо влезе во ММА!

by Стефан
1 минути читање

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо одлучи дел од своето богато портфолио да го насочи кон светот на мешаните боречки вештини (ММА).

Роналдо официјално стана акционер во брзорастечката шпанска ММА-организација „WOW FC“. Оваа информација ја потврди самиот Португалец на социјалните мрежи.

„WOW FC“ годинава се позиционираше како една од водечките организации во ММА-секторот и неприкосновен лидер во Шпанија, а влегувањето на еден од најпознатите спортисти на планетата претставува вистинска пресвртница и за организацијата и за спортот.

„ММА го отсликува она во што навистина верувам, дисциплина, почит, издржливост и постојана потреба за извонредност. WOW FC гради нешто моќно и уникатно и навистина сум горд што станувам дел од овој проект, со цел да помогнам во развојот на спортот и да ја инспирирам следната генерација“, порача Роналдо преку својот профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×