Тренерот на Олимпијакос: Лесно им е на Мбапе и Винисиус кога другите осум трчаат и гинат за нив

by bojan
1 минути читање

Предводникот на Олимпијакос, Хосе Луис Мендилибар вели дека на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор им е лесно да направат разлика на теренот со оглед на тоа дека одмараат кога противникот ја има топката.

Олимпијакос вчера беше блиску до голем подвиг и бод против Реал Мадрид, но „кралевите“ си заминаа од Атина со три бода благодарејќи на четирите погодоци на Килијан Мбапе.

Винисиус Жуниор исто така беше еден од подобрите поединци на „кралевите“, Бразилецот намести два од погодоците на Французинот.

Хосе Луис Мендилибар вели дека ова не е случајно, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор прават разлика на теренот со оглед на тоа дека одмараат кога противникот ја има топката.

„Мбапе и Винисиус ни направија многу проблеми, тоа е така бидејќи одмараат кога ние ја имаме топката“ – вели тренерот на Олимпијакос.

„Другите осуммина трчаат и гинат за нив. Па кога ќе ја освојат топката, Мбапе и Винисиус се свежи, трчаат, опасни се во ситуациите еден на еден и не простуваат кога ќе се најдат во шанса“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×