Хет-трик на Мбапе за помалку од седум минути – втор најбрз во историјата на ЛШ!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе му даде три гола на Олимпијакос во првото полувреме и тоа за само 6 минути и 42 секунди.

Олимпијакос имаше идеален почеток на мечот откако поведе со 1-0, но потоа на сцена стапи Мбапе.

Францускиот напаѓач даде три гола од 22. до 29. минута, точно за 6 минути и 42 секунди со што го постигна вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.

Рекордот го држи Салах кој во 2022 година против Ренџерс даде три гола за 6 минути и 13 секунди.

Мбапе постави и рекорд, тој го помина Пипо Инзаги и стана играчот со најмногу гостински хет-трика во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×