За претстојниот викенд на македонските фудбалски терени е закажано 15. коло, а во него ќе има и еден новитет.
Како и досега оваа сезона, натпреварите се распоредени од петок до понеделник, но овојпат е вметнат и еден нов термин во кој ќе видиме два дуели.
Натпреварите во Битола и Струга, каде Пелистер и Струга ТЛ ќе ги пречекаат Македонија Ѓорче Петров и Башкими, ќе започнат во 12:30 часот. Тоа е термин кој не се користел ниту оваа сезона, ниту во последните години.
Останатите средби, Силекс против Арсими, Брера со Тиквеш, Вардар – Шкупи и Шкендија – Работнички – ќе се играат во вообичаениот термин од 13:00 часот.
28.11 Силекс – Арсими
29.11 Пелистер – Македонија ЃП
29.11 Брера – Тиквеш
30.11 Струга ТЛ – Башкими
30.11 Вардар – Шкупи
01.12 Шкендија – Работнички