Кога не оди, не оди: Нова повреда и пауза за Нејмар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилските медиуми утрово објавија сериозни информации поврзани со здравствената состојба на Нејмар. Според „Глобо“, офанзивецот на Сантос се соочува со тешка повреда на левото колено, а проценките се дека нема да може да игра во ниту еден дел од 2025 година.

Проблемите започнале пред околу една недела кога Нејмар почувствувал болки во коленото. По тоа следеле детални медицински прегледи кои биле направени во вторникот и кои откриле сериозна состојба што бара долга пауза.

Ова е само уште едно разочарување за Бразилецот, бидејќи повредата е четврта по ред во текот на оваа година. Честите здравствени проблеми дополнително ја влошуваат неговата ситуација и според првичните процени можно е дури и да пропушти учество на Светското првенство во 2026 година.

Нејмар веќе долго време се обидува да се врати во континуиран ритам, но новата повреда сериозно ги загрозува неговите планови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×