Бенфика победи во Амстердам, Ајакс остана единствен без бодови во ЛШ!

by riste
1 минути читање

Бенфика со 2-0 го победи Ајакс на негов терен, тимот на Жозе Мурињо ги освои првите бодови во Лигата на шампионите, Галатасарај загуби со 0-1 од Ројал Унион среде Истанбул.

Португалскиот тим поведе уште во шестата минута кога Дал ја заби топката во мрежата на Ајакс за водство на Бенфика од 1-0.

Овој резултат беше актуелен доста време, вториот гол падна дури во финишот од мечот кога Бареиро ги постави конечните 0-2.

Галатасарај влезе како фаворит во дуелот со Ројал Унион од Белгија, но турскиот клуб неочекувано загуби.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 57. минута кога Давид реализираше за победа на Ројал Унион од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×