273
Фудбалерите на Осогово денеска приредија изненадување и успеаја да слават победа на гости кај Брегалница со 1-0.
Вистински херој за гостинската екипа беше голманот кој успеа да одбрани два пенали од кои едниот во самата завршница од натпреварот.
Со овој пораз, Брегалница денеска пропушти да се искачи на врвот на табелата и не го искористи киксот на Шкендија Арачиново која исто така со 1-0 загуби од Новаци.