Хари Кејн проговори за шпекулациите кои го поврзуваат со преселба на „Камп Ноу“, вели дека нема контакт со никого и додава е среќен во Минхен.
Изминатиов период често се пишува дека во договорот на Хари Кејн има откупна клаузула која летоска ќе изнесува 65 милиони евра, па напаѓачот би можел да ја промени средината.
Барселона се посочуваше како една од опциите, „каталонците“ се во потрага на наследник на Роберт Левандовски, и Англичанецот ги исполнува сите критериуми кои се бараат.
Сепак, во овој момент нема никаков контакт и Хари Кејн е среќен во Минхен.
„Не сум имал никаков контакт со никого. Се чувствувам комфорно во ситуацијава, иако не сум разговарал ниту со Баерн за иднината“ – вели напаѓачот.
„Но нема потреба да се брза, многу сум среќен во Минхен и тоа може да се види од мојата игра“.
„Во моментов не мислам на следната сезона. Прво да ја финишираме оваа, па Светското првенство, па дури после тоа ќе мислам на следната сезона“.
Запрашан дали навивачите на Баерн треба да бидат загрижени, Хари Кејн одговори: „Мислам дека не треба да бидат загрижени“.