Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека Барселона треба да биде преселена во некоја од пониските лиги поради огромниот долг од околу 1,3 милијарди евра.
Легендата на „баварците“, Ули Хенес смета дека моделот на Барселона не треба да се случува во елитниот фудбал.
„Барселона не е моделот што јас го замислувам. Во која било друга земја, тие воопшто не би биле во првата лига“ – вели Ули Хенес.
„Кога имаш долг од 1,3 милијарди евра, како воопшто можеш да функционираш? Мене ми е апсурдно и неразбирливо тие се уште да играат на највисоко ниво. Нивниот модел никогаш не би го почитувал“.
„Во која било нормална земја, клуб кој има ваков долг, нема шанси да биде во прва лига. Искрено, чудно ми е што се уште им е дозволено да се натпреваруваат во најсилното првенство, треба да се нисколигаш“.