Евертон оствари победа од 1-0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, иако од самиот почеток играше со човек помалку поради исклучувањето на Идриса Гана Геје во 13. минута.
Најкоментираниот момент од натпреварот беше конфликтот меѓу Геје и неговиот соиграч Мајкл Кин, по кој Сенегалецот доби директен црвен картон.
Веднаш по завршувањето на мечот, Геје јавно се огласи и упати извинување до целиот тим, а особено до Кин.
„Пред се, сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Ја преземам целосната одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот.
Она што се случи не го одразува тоа што сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите можат да зовријат, но ништо не го оправдува ова однесување. Бидете сигурни, ќе направам сè што можам за да се осигурам дека ова нема да се случи повторно“, порача Геје.
И покрај тоа што беше со човек помалку на теренот, Евертон успеаа да постигне гол, а потоа и да го задржи водството до крајот на средбата.
🚨 PREMIER LEAGUE SCANDAL! 🏴
— Polymarket FC (@PolymarketFC) November 24, 2025
IDRISSA GUEYE IS SENT OFF FOR AN ARGUMENT WITH MICHAEL KEANE! 🤯
WE HAVE NEVER SEEN ANYTHING LIKE THIS. 😶
What are your thoughts? 😯
Manchester United 0-0 Everton
🎥 @TheGoalsZone pic.twitter.com/euMFTsRp4H