Аморим искрен, најави заминување од Јунајтед на двајца фудбалери!

by Стефан
1 минути читање

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, најави можно заминување на двајца фудбалери кои покажуваа незадоволство.

Станува збор за Џошуа Зиркзе и Коби Мејно, кои целосно паднаа во втор план и сакаат да заминат во јануари за да се изборaт за место во репрезентациите на Роналд Куман и Томас Тухел пред Мундијалот следното лето.

„Клубот секогаш е на прво место и тоа мора да биде приоритет. Треба да размислиме за тимот и што е потребно, а потоа и дали нивното заминување би било исплатливо за клубот. Потоа, сè е можно“, изјави Аморим.

Зиркзе сезонава има само пет настапи со вкупно 90 минути на терен и без постигнат гол. Мејно доби нешто повеќе простор за игра и на теренот вкупно 228 минути.

Јасно е дека со ваква минутажа речиси и да немаат шанса да се најдат на Светското првенство доколку останат во Јунајтед до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×