88
Ѕвездата на Бетис, Иско, доби спектакуларна објава на новиот договор, а потоа го спаси својот тим од пораз против Жирона, мечот заврши 1-1.
Иско денеска се врати по долгата пауза поради повреда, а во исто време го продолжи и договорот со Бетис, стави потпис на соработка до 2028 година.
Неговиот договор беше објавен со голем банер кој го извадија навивачите на Бетис на трибината.
❄🔥✨
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) November 23, 2025
Canción de hielo, fuego… y magia. pic.twitter.com/J9y7L6OceG
Жирона од првото полувреме имаше водство од 1-0. Иско во игра влезе во 60. минута, а само 15 минути подоцна асистираше до Гомез кој изедначи на 1-1.