Тежок пораз на Шкендија од Арсими, Тиквеш убедлив против Башкими

by riste
1 минути читање

Шкендија претрпе неочекувано висок пораз на гостувањето кај Арсими каде загуби со 0-3, со истиот резултат Тиквеш беше подобар од Башкими во двата денешни дуели од Првата македонска фудбалска лига.

Првото полувреме од мечот меѓу Арсими и Шкендија заврши без голови, а потоа се случи вистински потоп на тетовскиот тим.

На самиот старт од вториот дел Шефити постигна гол за водство на Арсими од 1-0, а три минути подоцна Таипи зголеми на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Јихији на 15 минути пред крајот на натпреварот.

Шкендија со овој пораз полека го губи чекорот кон одбрана на шампионската титула.

3-0 заврши и вториот денешен меч, Тиквеш во Кавадарци го победи Башкими.

На овој меч сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Серијата погодоци ја отвори Ивановски, а потоа погодија и Стојанов и Јонуз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×