Репрезентацијата на Курсао испиша историја со пласманот на Светското првенство, но посебно своето име во историјата ќе го запише и холандскиот селектор кој ја води оваа репрезентција, Дик Адвокат.
Искусниот холандски стратег, денес 78-годишник, ја презеде клупата на Курасао во јануари 2024 година и од тогаш има импресивен биланс: единаесет победи, два порази и шест ремија. Последото реми, 0-0 против Јамајка во вторникот, им го отвори патот за прво учество на еден Мундијал во нивната историја.
За Адвокат, ова ќе биде трето Светско првенство во неговата богата кариера. Со тоа ќе го надмине германскиот стратег Ото Рехагел, кој го држеше рекордот како највозрасен селектор на Мундијал кога ја предводеше Грција во Јужна Африка во 2010 година на 71-годишна возраст.