30 годишниот македонски
интернационалец од редовите на турскиот Суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ на
тренинг кампот на својот клуб беше запрашан од тамошните медиуми за ситуацијата
во која се наоѓа тој во моментов, неговиот важечки договор со тимот од Измир
истекува идното лето, тој веќе доби понуда од Гезтепе за продолжување на
соработката, а дел од тамошните медиуми известија дека наводно тој одбил такво
нешто.
„Тоа дека сум одбил понуда
на Гезтепе за продолжување на договорот е лага, постојат некои вести кои кружат
низ медиумите а истите не се точни“ рече Јаховиќ.
За македонскиот напаѓач се шпекулираше дека одбил еден ипол милион евра годишна плата од Гезтепе за потпис на нов договор, тој тоа го негираше, овие вести ги нарече лажни.
„Јас и моето семејство
сме среќни овде, мојот приоритет во моментов е да се среќавам со челниците на
Гезтепе, воедно и претседателот на клубот околу продолжување на договорот, јас
треба да размислам што понатаму во мојата кариера, сакам да останам, но не е
крај на светот за мене и Гезтепе, имам 30 години, сакам да размислам за мојата
финансиска ситуација и мојата иднина“ додаде тој.
Јаховиќ на големо се
споменува како иден напаѓач на турскиот првак Бешикташ кој веќе договори
трансфер на својот најдобар фудбалер Ченк Тосун во Евертон, па нашиот фудбалер
се споменува како негова замена во тимот од Истанбул.
„Не сум добил никаква понуда
од Бешикташ, но… можеби мојот менаџер добил таква понуда, не знам. Прво, би
сакал да продолжам со преговорите со Гезтепе, би сакал сево ова да има
позитивен исход, многу различни работи можат да се случат доколку добиеме
негативен резултат од преговорите“ издвои Јаховиќ.
Гезтепе игра фантастично
во најсилниот турски фудбалски шампионат, со 30 бода, тимот од Измир по 17
одиграни кола се наоѓа на шестото место на табелата по влезот во Суперлигата
оваа сезона, а овие резултати најмногу одат на товар на Јаховиќ кој блеска со
14 погодоци (половина од вкупниот број голови на тимот), со што е на делба на
првото место на листата на стрелците во лигата заедно со Бафетимби Гомис од
Галатасарај, како и Бурак Јилмаз од Трабзонспор.
Извор:
goal.com/tr